Линкови за пристапност

Северна Македонија: Нови мерки за спречување на ширењето на Ковид-19


Нови мерки во Северна Македонија поради скок од нови случаи со Ковид-19
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:37 0:00

Надлежните повикуваат на разум кај граѓаните и почитување на мерките за да нема влошување на ситуацијата.

Комисијата за заразни болести, по „експлозијата“ на случаи на новозаразени, најавува нови заострувања на мерките кои треба да придонесат за стишување на пандемијата. Покрај задолжителното носење маски и на отворено и ограничувањето собири на повеќе од четворица по 22 часот, се размислува и за ограничување на работното време на кафеаните и кафулињата, како и намалување на бројот на лица што се возат во јавниот транспорт. Надлежните повикуваат на разум кај граѓаните и почитување на мерките за да нема влошување на ситуацијата.

Утрово разговаравме и за дополнителен пакет рестриктивни мерки коишто после евалуацијата на ситуацијата во следните денови и викендот, доколку има потреба, до Владата ќе биде предложен нов пакет мерки во понеделник.
Венко Филипче, министер за здравство


„Утрово разговаравме и за дополнителен пакет рестриктивни мерки коишто после евалуацијата на ситуацијата во следните денови и викендот, доколку има потреба, до Владата ќе биде предложен нов пакет мерки во понеделник. Тоа би вклучувало прво ограничување на капацитетот на луѓе во јавниот превоз, до 50 проценти како што беше претходно, понатаму целосна забрана за секакви настани и крај на работното време на сите економски оператори, субјекти во 23 часот.“, Венко Филипче, министер за здравство.

Бараме помош од сите, медиуми, политички партии, широко население. Јас би апелирал на широкото население.
Жарко Караџовски, претседател на Комисијата за заразни болести


„Ве молам и медиуми и население, самите ако не си помогнеме на себе, не може да ни помогнат уште 500 доктори, 500 сестри, 20 болници. Сето тоа ќе се исполни брзо, ние како што знаете работиме од март месец па наваму. Бараме помош од сите, медиуми, политички партии, широко население. Јас би апелирал на широкото население. Да ги почитуваме мерките заради фактот дека тоа го правиме заради нас, нашите најблиски, нашите фамилии.“, оцени Жарко Караџовски, претседател на комисијата за заразни болести.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG