Линкови за пристапност

СЈО станува дел од јавното обвинителството


СЈО станува дел од јавното обвинителството. Како ќе функционира?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:24 0:00

СЈО станува дел од јавното обвинителството. Како ќе функционира?

„Очекувам дека за овој закон треба и мора да се постигне консензус“, изјави премиерот Заев.

СЈО станува дел од јавното обвинителството – тоа е една од главните точки на законското решение кое како предлог помина на владина седница во Скопје. Така се обезбедува натамошно функционирање на институцијата која во изминатите години процесираше низа предмети поврзани со незаконски дејства што произлегоа од нелегално прислушуваните разговори.

Предлогот предвидува специјалниот јавен обвинител да му одговара на јавниот обвинител, но притоа не загрозувајќи ја неговата автономија. Инаку, СЈО останува нaдлежно да постапува за кривичните дела кои се поврзани и кои произлегуваат од неовластеното следење на комуникациите за периодот од 2008 до 2015 година за кои се поднесени обвиненија или отворени истраги, како и за превземените предмети за кои е воспоставена надлежност. Премиерот очекува законот, за кој е потребно двотретинско мнозинство, да биде усвоен во Собранието.

„Очекувам дека за овој закон треба и мора да се постигне консензус зашто и имаше консензус за СЈО - редот е кога сите сме го основале да му дадеме и насока – ги знаете столбовите на кои ќе се потпира, се враќа во јавното обвинителство, му се гарантира финансиската независност, дефинирани се и другите аспекти на неговото идно делување каде со помош на европските и партнерите од САД кои ни понудија стручна експертиза направивме прекрасно законско решение“, изјави премиерот Зоран Заев.

Опозицијата, чии членови и високи функционери, вклучувајќи го и екс лидерот, бегалецот - Груевски се цел на истрагите на СЈО најавува дека нема лесно да оди процесот на усогласување на ставовите.

„Ние ќе треба да го погледнеме предлог-законот, нашите експерти ќе го погледнат и ќе излеземе со мислење. Досега СЈО беше апарат на прогон и не се сомневаме дека така и ќе продолжи, но да го добиеме законот да се разгледа и ќе излеземе со конечен став“, вели Димче Арсовски, ВМРО ДПМНЕ.

Коалициската ДУИ соопшти дека го поддржува законското решение кое претходно е усогласено на париско ниво. Предлог-законот предвидува дека актуелната обвинителка Јанева има право да продолжи да ја врши функцијата една година по усвојувањето на законот, како и тоа дека новото СЈО ќе продолжи да ги спроведува обвиненијата покренати по 30 јуни 2017 година кои ги опфаќаат на пример предметите против бизнисменот Орце Камчев и дел од случаите против поранешниот врв на ВМРО-ДПМНЕ.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG