Еден американски астронаут и двајца руски космонаути пристигнаа денеска на Меѓународната вселенска станица во шест месечна мисија.
Марк Ванде Хеи од НАСА и Русите Олег Новитски и Пјотар Дубров, според закажаното, полетаа од Космодромот Бајконур во Казахстан со вселенска Ракета од типот МС-18.
Тројцата биле лансирани во капсула именувана во чест на советскиот космонаут Јури Гагарин, кој стана прв човек што беше во Вселената пред 60 години, на 12-ти април, 1961-ва.
Оваа мисија исто така одбележува 40 години од првото лансирање на Спејс-шатл на НАСА.
Летањето до Меѓународната вселенска станица трае околу три часа и вклучува две орбити околу Земјата.
Тројцата членови од екипажот ќе работат на истражување на биологија биотехнологијата и други експеримент за време на нивниот престој на Вселенската станица.
Facebook Forum