Линкови за пристапност

САД мора да го зголемат ангажманот на Балканот, и да спречат руско влијание


Хојт Ји: Поголема поддршка од Западот за Балканот, како одговор на руското влијание
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:35 0:00

Распит во сенатска комисија за справувањето со руската пропаганда и исламскиот радикализам

Во поткомитетот за Европа во сенатската комисијата за надворешни работи се одржа распит на тема: Југоисточна Европа – „Јакнење на демократијата и спротивставување со деструктивното надворешно влијание“.

Заменик-помошникот државен секретар за Европа и Евроазија во Стејт департментот Хојт Ји рече дека е потребна значителна поддршка од Западот за Балканот, особено како одговор на растечкиот исламски радикализам и руско влијание. Запрашан за лекциите што меѓународната заедница ги научила од длабоката политичката криза во Македонија, Ји нагласи дека недостигот од владеењето на правото и корупцијата ја втурнаа земјата во значителен недостиг на одговорност од нејзините лидери. Според него, САД и ЕУ имале улога во разрешување на кризата, при што, како што рече, во разговорите со нив, го подвлекле принципот на одговорност, и дека ќе ги држат за одговорни сите политички лидери кои нема да се придржуваат до договореното.

Вишиот дипломат од Стејт департментот потенцираше дека е потребно задржување на фокусот на САД на Балканот, како превентивна мерка за опасноста од радикализација на регионот.

Ји наведе дека регионот се уште се соочува со огромни предизвици кои доколку не бидат соодветно третирани претставуваат закана по американските интереси во Европа.

Тој притоа предупреди на, како што рече, „малигното влијание“ на Русија, бидејќи Москва се обидува да го спречи поврзувањето на Балканот со Западот, користејќи финансиски и политички средства.

Дејмон Вилсон од Атлантскиот совет подвлече дека американската дипломатија продолжува да има централна улога во решавањето на неодамнешните внатрешно-политички кризи во Косово, Албанија и Македонија. Тој потсети дека и Црна Гора немаше да влезе во НАТО ако не беше присутна американската дипломатија во регионот.

Сепак, овој добар познавач на балканските работи предупреди дека продолжувањето на американската амбивалентност „денес“, може да ја влоши кризата „утре“, за што ќе биде потребно многу поголемо ниво на ангажман од САД, отколку да се одбегне кризата, на самиот почеток. Тој оцени дека Москва, не само во случајот со Македонија, но и со останатите држави, има цел да се наметне во регионот, со единствена цел да ја попречи интеграцијата во НАТО и во ЕУ.

На двочасовното сослушување во сенатската комисија, со која претседававаше републиканскиот сенатор од Висконсин Рон Џонсон, беа Хојт Ји, заменик-помошник државен секретар за Европа и Евроазија во Стејт департментот, Дејмон Вилсон, извршен потпретседател на Атлантскиот совет, Мајда Руг од Институтот за надворешна политика при Универзитетот Џонс Хопкинс, и Ивана Цветковиќ – Бајовиќ, заменик-директор за Европа при националниот Институт за демократија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG