Во југоисточна Азија, во регионот познат по нископлатени работни места и голема потрошувачка, државите од Мјанмар до Филипините имаа предвидување за економски пораст за 2020-та од 6%. Но, сега, никој не е сигурен во тоа.
Смртоносниот коронавирус во Кина негативно се одрази врз туризмот во Малезија, Сингапур и Тајланд, во време кога овие држави го ограничија влезот на туристи поради стравувања од ширење на вирусот. Авионските компании веќе откажаа 25.000 авионски летови. Производствените погони во Виетнам не можат да дојдат до необработени материјали од Кина, зашто коронавирусот предизвика стопирање на процесот за испорака.
Надвор од Кина, „најважните економски импликации ќе се манифестираат пред пад на бројката на туристи, намалување на увозот од Кина, објави Moody’s Investors Service за влијанието од коронавирусот.
Коронавирусот беше откриен во декември во кинескиот град Вухан. Засега се разболеа над 43.000 луѓе, а починаа над 1000, претежно во Кина. Кина ги стави во карантин повеќето од најпогодените метрополи и ја продолжи прославата на Лунарната Нова Година, со цел да спречи ширење на вирусот на работните места. Повеќето се вратија на нивните работни места во понеделникот.
Јужноазиските економии се погодени од смртоносниот вирус во првиот картал од годината.
Фабриките за производство на автомобили како Тојота Хјундаи и Форд го одложија повторното отворање на погоните за производство по завршување на Лунарната нова година.
И Епл, предупреди од „влијанието на вирусот врз производството и ги разгледува плановите за синџирот на снабдување“.
Влијанието од вирусот врз економиите во Југоисточна Азија ќе трае од три до шест месеци, објавија аналитичарите.
„Ако сте голема фирма, нема проблем, ќе издржите. Ако сте помала, се соочувате со банкротство“, вели Лианг Куо-Јанг од Истражувачкиот институт во Тајпеj.
Facebook Forum