Линкови за пристапност

САД и формално ја обвинија Северна Кореја за хакерскиот напад врз Сони


За ФБИ имало доволно докази за поврзаноста на режимот со кибернетскиот напад

Американски официјални лица сега јавно ја поврзуваат Северна Кореја за кибернетскиот напад врз Сони Пикчерс.

ФБИ во соопштение од петок оцени дека имало доволно информации да се заклучи дека владата на Северна Кореја е одговорна за хакерскиот напад. ФБИ кажа дека е „длабоко загрижено за уништувачката природа“ од нападот.

Масивниот кибернетски напад во компанијата Сони резултираше со пробивање на десетици илјади документи, вклучувајќи и компромитирачки електронски пораки.

ФБИ соопшти дека инцидентот само ја „реафирмира заканата од кибернетските напади како една од најголемите опасности за националната безбедност во САД“.

Студиото Сони требаше да има премиера на комедијата за фиктивен заговор за атентат врз првиот човек на режимот во Пјонгјанг, Ким Јонг Ун, кога се случи хакерскиот напад на 24-ти ноември.

Компанијата го откажа објавувањето на филмот, насловен „Интервју“, по појавата на закани од терористички напади.

Хакерите, кои се нарекоа себе си „Чувари на мирот“, наводно испратиле порака до извршните луѓе на Сони, во која одлуката да се откаже прикажувањето на филмот ја нарекоа „мошне мудра“.

XS
SM
MD
LG