Силна соларна бура, најголема во изминатите пет години, денеска и утре можно е да ја погоди Земјата.
Експертите предупредуваат дека сончевата бура би можела да предизвика пореметувања во електричните мрежи, работата на сателитските навигациони системи и други форми на комуникација.
Бурата е предизвикана од неколку сончеви експлозии што се случиле на почетокот на оваа недела.