Линкови за пристапност

ЕУ во посредничка мисија меѓу Скопје и Софија


Во Бугарија не „помина“ предлог-документот од вишите претставници на ЕУ
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:36 0:00

Во Бугарија не „помина“ предлог-документот од вишите претставници на ЕУ

Средбата во Скопје, според изјавата на премиерот, поминала подобро – Заев смета дека понуденото е добра основа за договор и почеток на преговорите за членство.

Европскиот обид за посредување во македонско-бугарските односи на самиот почеток наиде на сериозна пречка. Во Бугарија, според првичните изјави, не „помина“ предлог-документот што денеска и во Софија и во Скопје го презентираа Аугисто Сантош Силва, министерот за надворешни работи на Португалија – земјата претседавач со Советот на ЕУ и еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји. За Бугарија спорно во документот, како што веќе се анализира во Софија, е проблемите меѓу двете земји наместо во преговарачката рамка да се решаваат низ процесот за стабилизација и асоцијација што ќе и оневозможи идни блокади ако смета дека земјава не го спроведува преземените обврски.

Сакам да потенцирам дека за оваа тема не може да се очекува промена во националната позиција на Бугарија во однос на Северна Македонија.
Стоев, министер за надворешни работи на Бугарија


„Очекуваме од нашите најблиски соседи во регионот да работат во дух на искреност и конструктивност. Сакам да потенцирам дека за оваа тема не може да се очекува промена во националната позиција на Бугарија во однос на Северна Македонија. За нас од клучно значење е одржувањето на добрососедски односи и добивање на неопходните гаранции за спроведување на договорот за добрососедство.“, изјави Светлан Стоев, министер за надворешни работи на Бугарија.


Средбата во Скопје, според изјавата на премиерот, поминала подобро – Заев смета дека понуденото е добра основа за договор и почеток на преговорите за членство.

За нас, особено важно е што со ова предлог решение никако не се допира и не се навлегува во нашите македонски идентитетски прашања
Заев, премиер на Северна Бугарија


„Важно е дека, во овој момент јасно и одговорно можеме да кажеме дека предлогот е добра основа за постигнување решение за проблемот, решение со кое ќе се отстранат сите пречки и ќе се отворат преговорите преку одржување на првата Меѓувладина конференција за Северна Македонија. За нас, особено важно е што со ова предлог решение никако не се допира и не се навлегува во нашите македонски идентитетски прашања, со што нашата круцијална позиција е задоволена, а силно сме убедени дека предлогот е добра основа и за круцијалните позиции на Бугарија.“, оцени Зоран Заев, премиер на Северна Македонија.

Претседавачот со ЕУ во изјавата не се реферираше на каков било предлог-документ, само кажа дека било важно да се одржат вакви политички консултации.

Наша цел како претседателство на Советот на ЕУ е од сите земји членки да добиеме одобрување на преговарачките рамки на Албанија и Северна Македонија
Силва, министер за надворешни работи на Португалија


„Наша цел како претседателство на Советот на ЕУ е од сите земји членки да добиеме одобрување на преговарачките рамки на Албанија и Северна Македонија и така да ги одржиме првите Меѓувладини конференции со двете земји.“, истакна Аугусто Сантош Силва, министер за надворешни работи на Португалија.

Дали тоа ќе се случи зависи од исходот на овој најнова во серијата обиди за одоброволување на Софија и изнаоѓање решение за чувствителните прашања прифатливо за двете страни.

Рокот за компромис за земјава да не остане заглавена на подолг период е до крајот на јуни.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG