Женската фудбалска репрезентација на САД во драматичен натпревар успеа да се врати во игра и да го победи Бразил во четвртфиналето на Светското првенство што се одржува во Германија. САД во полуфиналето ќе играат против Франција.
Резултатот по регуларните 90 минути беше 1:1. Бразил поведе рано во продолжението, но САД, кои од 65-тата минута беа со играч помалку, преку Еби Вамбах постигнаа гол буквално во последните секудни и се изборија за пенали, по што постигнаа конечна победа.
Во второто финале (обете закажани за среда) играат Шведска и Јапонија.