Стотици возачи, вклучувајќи и американски сенатор се заглавени и натаму при температури под нулата на главниот автопат и обиколница во сојузната држава Вирџинија откако се случи масовна сообраќајна несреќа при што сообраќајот е во застој поради превртување на шлепер.
Одделот за транспорт на Вирџинија објави дека двата правци од фреквентниот автопат И-95 се затворени за сообраќај околу градовите Рутер Глен и Дамфрис, лоциран околу 50 километри јужно од Вашингтон.
Нема повредени во сообраќајниот метеж, но сообраќајот е во застој долж главниот автопат на источното крајбрежје.
Поради снежните наноси, многу возачи морале да ја минат ноќта во автомобилите и чекале службите да го расчистат снегот.
Вчера падна меѓу 18 и 28 сантиметри снег во областа околу главниот град Вашингтон, при што предизвика илјадници сообраќајни несреќи и заглавени возила.
Повеќе од 277.000 корисници и натаму се без електрична енергија.