Линкови за пристапност

Снегот ја прекина наставата, десетина села завеани


Снегот ја прекина наставата, десетина села завеани
Снегот ја прекина наставата, десетина села завеани

Метеоролозите во Македонија најавуваат нови врнежи.

Македонија осамна под дебела снежна покривка. Први непријатната страна на снегот ја почувствуваа возачите ионие кои од викенд-одморот се вратија на работните места. Сообраќајниот хаос во главниот град предизвика нервози и кај возачите, и кај оние кои одлучија пеш да ги завршат денешните обврски. Дел од приградските населби денеска останаа без јавен превоз поради непроодните локални патишта. Најзагрозени се 50-тина села низ цела Македонија кои се целосно отсечени од цивилизацијата. Од Центарот за управување со кризи велат дека се расчистуваат сите патишта, но сепак, десетина села и натаму ќе останат завеани.

Главоболка за возрасните, снегот со спротивна реакција кај децата. Ќе имаат повеќе време за снежни радости по денешната одлука на Министерството за образование да им остави на градоначалниците да решат дали ќе има скратени часови или наставата целосно ќе биде прекината.

„МОН и натаму останува на препораката секоја општина да ги има предвид временските услови во општината, меѓутоа сакаме да истакнеме дека ги поддржуваме одлуките на општините за скратување на часовите, или, во некои општини, за одложување на училишната недела“, изјави министерот за образование и наука Панче Кралев.

Најсреќни се учениците од Тетово и Гостивар кои се на дополнителен зимски распуст до 10-ти февруари.

„Општина Тетово до 10-ти февруари нема да одржи настава во сите основни и средни училишта. Поради невремето што не фати овие денови, претпоставувам дека сите овие денови што децата ќе ги поминат дома, ќе ги дополнат во сабота и тоа кога времето ќе биде подобро“, вели Сади Беџети, градоначалникот на Тетово.

И додека насекаде во Македонија врне снег, во Струмица падна замрзнат дожд, нешто што жителите не го доживеале изминативе десетина години. За разлика од Струмичани, кои според податоците од локалната полиција биле внимателни, Битолчани ја наполнија ортопедија. Рекорден број на пациенти со скршеници регистрира тамошната болница, а најбројни се постарите.

Оние кои се` уште не се подготвиле за снегот, време е тоа да го сторат - метеоролозите за утре најавуваат поинтензивни врнежи и студено време со минусни температури, и се` така - до крајот на неделата.

XS
SM
MD
LG