Линкови за пристапност

Со третман против апнејата до подобро функционирање на срцето


Најново истражување на научниците од Универзитетот во Бирмингем.

Пациентите со опструктивна апнеја на моменти прекинуваат со дишењето додека спијат. За третирање на состојбата, лекарите напати препорачуваат механичка терапија - апарат со маска за лице што автоматски внесува воздух низ дишните патишта и ги држи отворени.

Во најново истражување, научниците од британскиот универзитет во Бирмингем користеле ЕКГ-прегледи за да ја проучат структурата и функционалноста на срцето кај пациентите кои страдаат од апнеја, пред и по механичката терапија. Потоа ги споредиле нивните резулутати со две групи - на пациенти со висок крвен притисок, и на здрави пациенти.

Професорот Грегори Лип, кој раководел со истражувањето, вели дека откриле оштетување на срцето кај пациентите со апнеја, дури и кога немале очигледни симптоми.

„Умерената до изразена апнеја причинува значителни структурални и функционални промени што може да се споредат со оние кај пациентите со висок крвен притисок“, вели стручњакот.

Пациентите со апнеја биле на механичка терапија шест месеци, по што им бил направен дополнителен ЕКГ-преглед.

„Терапијата ја намали дебелината на ѕидовите на срцето. Забележавме подобрување на срцевата функционалност и намалување на крутоста на срцевите ѕидови“, вели Лип.

Професорот предлага пациентите со умерена до изразена опструктивна апнеја да ја земат предвид механичката терапија, дури и кога немаат видливи симптоми на кардиоваскуларни проблеми.

Истражувањето е објавено на Интернет-страницата на Американското кардиололошко здружение. За повеќе податоци, појдете на оваа врска.

XS
SM
MD
LG