Линкови за пристапност

Антикорупциската комисија апелира за про-активност во справувањето со корупцијата


Антикорупциската комисија бара про-активност во справувањето со корупцијата
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:30 0:00

Претседателката на комисијата, Ивановска, побара иницијативност, пред се, од Јавното обвинителство, наведувајќи конкретни примери.

Повикот на антикорупционерите доаѓа неколку дена откако Европската комисија го објави извештајот за напредокот на земјава во кој се заклучува дека Северна Македонија е умерено подготвена во делот на спречување на корупцијата. Претседателката на комисијата, Ивановска, побара иницијативност, пред се, од Јавното обвинителство, наведувајќи конкретни примери.

„Зголемување на ефикасноста на другите институции кои понатаму треба да постапат за целосно затворање на предметите. Се уште чекаме постапување по предмети кои се од особен јавен интерес. Чекаме одговор од Јавното обвинителство по иницијативата за кривична одговорност за лицата чои учествувале во донесувањето на ДУП за Холидеј ин. Чекаме одговор за иницијативата за одговорност за лицата од ДИК кои учествуваа во тендерот за печатење на материјалите за гласање...“, изјави Биљана Ивановска, претседателска на ДКСК.

Во документот на Европската комисија се нотира одреден напредок, пред се во консолидирањето на постигнувањата во истраги, поднесување обвиненија и судења за неколку предмети. За работата на антикорупционерите се нотира дека биле проактивни, дека отвориле неколку случаи вклучувајќи и против актуелни функционери. Очекувањата на Брисел за поголема финансиска и кадровска поддршка за Комисијата, денеска и Ивановска ги повтори.

„Обезбедувањето услови за работа е особено важно ако се има во предвид дека досега процесите за обезбедување материјални, просторни и човечки ресурси се одвиваа многу бавно, па така дури во третата година од мандатот на оваа комисија, ДКСК се префрли во нови простории и доби 7 нови вработени. Оваа состојба влијаеше на отежнато функционирање на зголемените ингеренции дефинирани со новиот закон за спречување на корупција.“, изјави Биљана Ивановска, претседателска на ДКСК.

За потребата од зајакнување на борбата против корупцијата повика и Генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид, за време на посетата на земјава најавувајќи интензивирање на соработката со Антикорупциската комисија и со МВР во обидите за професионализација на полицијата. Наспроти, јавните пораки на надлежните за борба против корупцијата, наодите на Антикорупциска покажуваат дека само 30 проценти од нивните препораки се прифатени.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG