Линкови за пристапност

Врвот на ВМРО-ДПМНЕ во СЈО


Дел од раководството на ВМРО-ДПМНЕ на сослушување во СЈО
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:14 0:00

Дел од раководството на ВМРО-ДПМНЕ на сослушување во СЈО

Екс-премиерот Емил Димитриев и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески се во групата 14-мина, за предметот што СЈО го именуваше како „Талир“

Дел од раководството на ВМРО-ДПМНЕ денеска се најде во просториите на Специјалното јавно обвинителство. Дојдоа и екс-премиерот Емил Димитриев и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески кои се во групата 14-мина, повеќето високи партиски функционери, осомничени за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ – предмет што СЈО го именуваше како „Талир“.

„Бев повикан во својство на осомничен, побарав од СЈО да ми биде доставен увид во доказите, откако ќе ги видам, ќе се произнесам. Тоа е она што можам да кажам, да оставиме работите да се одвиваат во рамките на институциите“, изјави Емил Димитриев.

„Денеска продолжува политичката хајка врз ВМРО-ДПМНЕ. Повикан бев во СЈО заради тоа што сум ставил потпис на некој договор“, изјави Миле Јанакиески.

„Осомничени сум за организирање група за уплаќање поголеми суми, а во тој период јас немам функција во ОК Центар“, коментираше Даниела Рангелова.

Во предметот, за кој денеска СЈО ги повика овие функционери на ВМРО-ДПМНЕ, првоосомничен е партискиот лидер Никола Груевски. Осомничени се дека во период од 2009-та до 2015-та овозможиле незаконско финансирање на партијата. Сомневањата се дека постоела шема на акумулирање капитал за партиски цели преку перење пари. Проценките се дека во тие 6 години на овој начин на сметката на ВМРО-ДПМНЕ биле уплатени речиси 5 милиони евра. Со овие пари бил купуван и броен недвижен имот од кој дел не се користел за партиски, туку за приватни потреби.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG