Линкови за пристапност

Силиконската долина – „боксерска вреќа“ за претседателските кандидати во САД


Технолошките гиганти се напаѓаат за акумулирање преголемо богатство, преголема моќ и недоволна заштита на личните податоци на корисниците

Американските претседателски кандидати отсекогаш доаѓале во Силиконската долина да соберат пари преку добротворни настани со лого од технолошкиот кампус како позадина во настапите и со фокус на разговорите за иновациите и иднината.

Но, годинава, работите се поинакви.


Претседателските кандидати за изборите во 2020-та на кампањите изразуваат популистички критицизам против големите технолошки гиганти за разни прашања – вклучувајќи го протекувањето на доверливи информации, акомулирањето на богатството, наводната ерозија на работничките права, тврдењето за цензура на конзервативните гласови и загриженоста за пролиферацијата на екстремниот говор преку Интернет.

Неодамна, градоначалникот на Саутбенд, Индијана и претседателски кандидат од демократската партија Пит Бутиџеџ, им се приклучи на демонстрантите пред седиштето на „Убер“ со барање за усвојување нов закон во Калифорнија, со кој хонорарно вработените ќе добијат статус на постојано вработени. Други кандидати како сенаторите Елизабет Ворен, Берни Сандерс и Камала Харис исто така застанаа зад таква легислативна мерка.

„Областа околу овие гиганти за инвеститорите е „мртва зона“, изјави Ворен за Си-Ен-Ен.

„Ако се обидете да стартувате бизнис, ризикувате Амазон или Гугл да ви го купи бизнисот уште пред да почнете со првиот ден од работа“.

https://www.cnn.com/videos/politics/2019/04/23/elizabeth-warren-amazon-google-big-tech-break-up-town-hall-vpx.cnn ]]

Запрашан за растежот на компании како Фејсбук, од позиција на главната правобранителка на Калифорнија Харис за Си-Ен-Ен, рече дека треба да се воведат сериозни регулативи за заштитата на приватноста на корисниците.

Претседателот Трамп го предводеше моментумот на удари врз „боксерска вреќа“, најмногу со тврдење дека влијаат како цензура врз конзервативните гласови на он-лајн.

Неодамна, погрешно обвини дека Гугл манипулирал со гласовите.

https://www.cnn.com/2019/08/19/politics/trump-google-manipulated-votes-claim/index.html ]]

Но, некои кандидати не сакаа да го копираат стилот на Трамп и да имаат конфликт со технолошките гиганти.

Запрашан за идејата да се откаже од Фејсбук, сенаторот од Њу Џерси Кори Букер рече дека „тоа повеќе звучи на Доналд Трамп“.

Постои опасност да се напаѓа технолошкиот свет, предупредува Дони Фаулер, долгодишен демократски консултант, а сега професор на Универзитетот од Сан Франциско.

„Не може демократските кандидати да доаѓаат во Силиконската долина и да ја напаѓаат технологијата и иновациите“, изјави Фаулер. Американците не веруваат дека се во Силиконската долина е лошо по економијата, додава тој.

Според Центарот за одговорна политика, придонесите од вработените во Алфабет, сестринска компанија на Гугл, се најголеми финансиски донатори за Бутиџеџ.

https://www.opensecrets.org/2020-presidential-race/contributors?id=N00044183 ]]

и Ворен - [[ https://www.opensecrets.org/2020-presidential-race/contributors?id=N00033492 ]]

Колку за споредба, извршните луѓе во технолошкиот сектор најмногу им донирале на умерените демократи како поранешниот потпретседател Џо Бајден и демократскиот кандидат – ривал Берни Сандерс, ѝ двајцата коишто не го истакнуваат прашањето со технолошките гиганти како предизборна тема.

Макс Каен, софтвер инженер од Гугл, кој што донирал за Ворен и други кандидати, изјави дека ги поздравува политичарите што го критикуваат неговиот работодавец и другите технолошки гиганти.

„Со големата моќ доаѓа и голема одговорност. Технолошките компании имаат голема моќ. Треба да има поголема контрола врз нив“, вели Каен.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG