Линкови за пристапност

Секс-скандалите на претседателските кандидати во САД


Секс-скандалите на претседателските кандидати во САД
Секс-скандалите на претседателските кандидати во САД

Скандалите од овој вид не мора задолжително да значат и крај на политичката кариера

Од претседателите Томас Џеферсон до Бил Клинтон , секс-скандалите продолжуваат да излегуваат на површина во американската политика.

Еден од републиканските претенденти за претседателската функција, Херман Кејн беше последниот. Најпрво беа наводите за сексуално напаствување, а потоа за вонбрачна 13-годишна афера.

Оттогаш, наваму неговата поддршка во јавноста значително опадна. Многумина испитаници сметаат дека со најновиот развој на настаните, тој е надвор од трката.

Историчарот Алан Лихтман од Американскиот Универзитет, вели дека секс-скандалите ја откриваат арогантноста во политиката.

„Овие скандали се особено опасни кога влијаат врз таканаречените семејни вредности на кандидатите кои се чини дека проповедаат едно, а практикуваат друго. Тоа е фундаментална навреда на американскиот народ“, вели Лихтман.

Еден од случаите е и оној со претседателскиот кандидат од редовите на Демократската партија Џон Едвардс во 2008-та година. Неговата политичка кариера пропадна кога американската јавност дозна дека бил во врска со жена инволвирана во неговата кампања, со која подоцна имал и дете.

Доказ за тоа дека секс-скандалите не мора да значат крај на нечија политичка кариера, е случајот со поранешниот претседател Бил Клинтон. Тој беше во неговиот втор мандат, кога беше обелоденета информација за афера со стажантка во Белата куќа.

Иако во Претставничкиот дом се поведе постапка за негово отповикување заради тоа што лажел за односот со девојката, Клинтон успеа да го задржи високиот рејтинг во јавноста.

Во меѓувреме, на американската политичка сцена останува да се види дали кандидатурата на Мајкл Кејн може да опстои и дали еден од неговите главни републикански ривали, поранешниот претседател на Претставничкиот дом, Њут Гингрич, може да има најголеми шанси да ја добие републиканската кандидатура за претседателската функција.

XS
SM
MD
LG