Аналитичарот од Универзитетот Џонс Хопкинс во Вашингтон, и добар познавач на балканските прашања Даниел Сервер, коментира -
„Беше неочекувано. Не очекував воопшто, да се случи во оваа фаза. Тешко ми е да поверувам дека имаат соодветни докази, да покренат обвинение, и да обвинат. Обвинителните акт е испратен до судија да донесе одлука, и ќе треба да почекаме, што ќе се случи. Но, ова се многу сериозни импликации за Косово, кое е млада држава со се уште слаби институции и одеднаш се соочува со џиновски предизвик кога има нов премиер со само еден глас мнозинство, кој треба да дојде во Вашингтон и да преговара под огромниот притисок од администрацијата на претседателот Трамп“.
Флоријан Бибер, Професор на Универзитетот во Грац, Австрија, за покренувања на обвинителни акти, вели -
„Тајмингот е поврзан очигледно со планот, претседателот Тачи да допатува во Вашингтон. За процесот на покренување и обезбедување докази за обвинителен акт е потребно време, и не е изненадување што минале два месеци. Но, објавувањето денес, сугерира дека постоела загриженост од канцеларијата на Обвинителството дека неговата посета во Вашингтон може да го доведе во опасност целиот процес. Не е коинциденција, тајмингот е поврзан со планот за средба, која сега е откажана, барем со сигурно е откажана посетата на претседателот Тачи во Вашингтон“.
И косовскиот премиер Авдулах Хоти го откажа патот за Вашингтон, еден ден порано, тоа го стори и претседателот на Косово Хачим Тачи.
Хоти преку Твитер наведе дека „поради новите околности во Приштина, како резултат на Судот во Хаг, мора да се врати во земјата и да се справи со ситуацијата“. Тој појасни дека го информирал специјалниот пратеник на Белата куќа Ричард Гренер дека нема да може да допатува во Вашингтон на 27-ми јуни.
Косовскиот претседател Хашим Тачи и уште девет други поранешни борци на ОВК се обвинети за серија злосторства против човештвото и воени злосторства, од страна на Специјалниот обвинителство во Хаг.
„Жртвите на кривични дела од обвинението се стотици лица чиј идентитет е познат, и меѓу нив се косовски Албанци, Срби и Роми, како и политички противници. Обвинението е резултат на долготрајни истраги и го одразува уверувањето на обвинителството дека може да ги докаже вон разумен сомнеж сите обвиненија содржани во неа“, соопшти обвинителството во Хаг.
Facebook Forum