Линкови за пристапност

Сенатот усвои легислатива со 4 милијарди долари за хуманитарна помош на мигрантите


Претседателот Трамп изрази оптимизам дека законот за хуманитарна помош ќе се најде за потпис на неговата маса.

Американскиот сенат усвои меѓупартиска легислатива за справување со хуманитарната криза долж границата меѓу САД и Мексико во висина од 4 милијарди долари за помош и нега на приведените мигранти, особено деца.

Со 84 За и 8 против, гласањето во Вашингтон доаѓа во време на зголемената критика врз администрацијата на Трамп за нефер третман на малолетници во притворните центри и гневот во медиумите по фотографијата за смртта на татко и ќерка од Ел Салвадор кои се удавиле во реката Рио Гранде додека се обидувале да преминат во САД.

Откако се појави фотографијата во медиумите, претседателот Трамп ги обвинуваше Демократите дека не ги менуваат законите за азил за да помогнат во справување со предизвикот на границата, но тие возвратија дека зависи како законите се имплементирани.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG