Линкови за пристапност

Сенатот гласа за еден трилион долари закон за инфраструктурата


Денешното гласање доаѓа по интензивните преговори меѓу демократите и републиканците.

Американскиот Сенат се очекува да даде гласа за 1 трилион долари меѓупартиски закон за инфраструктурата.

Пакетот вклучува и околу 550 милијарди долари трошења за реконструкција на патиштата, системите за наводнување и унапредување на пристапот до подобар Интернет.

Денешното гласање доаѓа по интензивните преговори меѓу демократите и републиканците.

И меѓу двете страни, има законодавци кои се противат на легислативата, вклучувајќи и Демократи кои сметаат дека доволно не се покриваат потребите на нацијата, а Републиканците негодуваат на висината на начинот на трошење на парите од легислативата за инфраструктурата.

Но, дури и во поделен Сенат 50-50, каде демократите имаат мнозинство со гласот на потпретседателката Харис, се очекува легислативата да обезбеди дво-третинска поддршка.

Усвојувањето во Сенатот ќе значи дека мерката се испраќа во Претставничкиот дом, каде законодавците се очекува да гласаат во септември.

„Иако имаше застој во преговарачкиот процес, законот е добар за Америка, и Сенатот треба да се горд за усвојувањето“, изјави лидерот на сенатското мнозинство, демократот Чак Шумер.

Републиканскиот сенатор Роб Портман, кој што беше вклучен во меѓупартиски преговори, го нарече пакетот, „најголем во историјата на нацијата“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG