Линкови за пристапност

Сенатот ќе ги слушне аргументите за импичментот на Трамп


Конгресмените во улога на обвинители и одбраната на Трамп ќе има по 16 часа во следните два дена да ги презентираа своите аргументи.

Демократите од Претставничкиот дом кои покренаа постапка за импичмент против поранешниот претседател ќе ги изложат аргументите за случајот во обид да ги убедат сенаторите кои служат како судии да го обвинат Доналд Трамп дека поттикнал насилство врз Конгресот минатиот месец.

Конгресмените во улога на обвинители и одбраната на Трамп ќе има по 16 часа во следните два дена да ги презентираа своите аргументи. Сенаторите ќе имаат четири часа за поставување прашања.

Сенатот гласаше 56-44 да ги слушне аргументите во процесот.


Пред гласањето имаше четиричасовна изложување на гледиштата од двете страни. Демократските законодавци сметаа дека Трамп мора да се држи одговорен за неговите акции, а тимот од одбраната на Трамп смета дека судскиот процес за отповикувањето на функцијата по завршување на мандатот, е противуставно.

Насилниот упад во Конгресот на 6-ти јануари од поддржувачите на Трамп резултираше со пет жртви.

Трамп повеќе од два месеци неосновано агитираше и обвинуваше дека има лажирање на изборите, а на собир пред Белата куќа, неколкупати ги повика насобраните да маршираат кон Капитолот, во време кога законодавците гласаа за потврдување на победникот на изборите во 2020-та, демократот, Џо Бајден.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG