Линкови за пристапност

Демократите ја образложуваат наводната „коруптивна шема“ на претседателот Трамп


Ги предочуваат правните и уставните последици кои, според нив, произлегуваат од злоупотребата на моќта на претседателот.

Демократите од Претставничкиот дом кои ја водат постапката за импичмент на претседателот Доналд Трамп, денес пред Сенатот ја презентираат наводната „коруптивна шема“ од која политички корист требало да има претседателот, но и ги предочуваат правните и уставните последици кои, според нив, произлегуваат од злоупотребата на моќта на претседателот.

„Го претставуваме случајот. Ќе го сториме тоа хронолошки“, изјави конгресменот Адам Шиф, кој е водечки менаџер меѓу обвинителите и најави дека ќе ги образложат сите факти кои укажуваат на злоупотреба на функцијата од страна на претседателот кога побарал помош од странска влада за сопствен политички бенефит.

Шиф, заедно со неговиот тим, денес и утре имаат можност да го образложат случајот пред правниот тим на Трамп по првичната осумчасовна сесија. Потоа, адвокатскиот тим на Трамп ќе има 24 часа да ги комплетира аргументите и од сабота ќе продолжи и следната неделата да ги презентира нивните наводи во случајот за импичмент.

Претседателот Трамп повторно ги исмејуваше демократите поради процесот за импичмент и преку Твитер се изјасни – „Демократите во Претставничкиот дом не ни овозможија да имаме адвокати, ниту еден сведок, а сега бараат од Сенатот каде мнозинство имаат републиканците да им обезбедат сведоци кои што Претставничкиот дом никогаш не ги барал, ниту пак ги побарал. Имаа своја шанса, но избрзаа. Најнефер и коруптивен распит во конгресната историја“, напиша првиот човек на САД.

https://twitter.com/realDonaldTrump/status/1220328518288052225

Џеј Секулоу, еден од адвокатите на Трамп, изјави дека е апсурдно што постапката за импичмент се води воопшто.

Трамп, пак, во текот на оваа постапка повеќе пати изјави дека не направил ништо погрешно во разговорите со украинскиот претседател Володомир Зеленски, често опишувајќи го разговорот како совршен.

Во Сенатот, републиканците имаат мнозинство 53-47. За да биде отповикаат претседателот од функцијата е потребно двотретинско мнозинство. Демократите ќе мора да убедат 20 колеги-републиканци да гласаат за импичмент, а засега ниту еден републиканец не се изјаснил или навестил дека ќе гласа за отстранување на Трамп од функцијата во Белата куќа.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG