Демократите од Претставничкиот дом кои имаат улога на обвинители во случајот за импичмент на претседателот Трамп, но и неговиот одбранбен тим ги изложуваат завршните аргументи во процесот во Сенатот иако е речиси сигурно дека ќе биде ослободен од обвинувањата во крајното гласање.
Конгресменката Вал Демингс, една од законодавците која повика за обвинување на Трамп според две обвиненија, пред 100 членови во Сенатот изјави дека треба да реагираат како судии во случај во кој Трамп е вклучен во „огромна злоупотреба на моќта, што е досега невидено во американската историја“.
Но, одбранбениот тим, предводен од адвокатот Кенет Стар ја нарече процедурата за импичмент во Претставничкиот дом како „избрзано просудување“, спроведена на нефер начин, и оти Сенатот не треба да ги награди обвинителите. Тој рече дека да се обвини Трамп е како да им се каже на гласачите во 2016-та „ дека вашиот глас е неважечки и ќе биде поништен“.
Во петокот се случи клучното гласање со 51-49 во Сенатот против повикување на сведоци и покрај инсистирањето на демократите. Демократите сакаа да слушнат од поранешниот советник за национална безбедност Џон Болтон, кој Трамп го смени од функцијата минатиот септември.
Facebook Forum