Линкови за пристапност

Разрешени врвни лица од Тајната служба на САД


Четири одговорни лица сменети од функција по серијата скандали што ја инволвираат безбедноста на Белата куќа и нејзините станари

Четворица високи официјални лица во Тајната служба на САД се префрлени на други работни места по серијата пропусти што ја засрамија агенцијата одговорна за заштита на претседателот Барак Обама и неговото семејство.

Вршителот на должност директор, Џозеф Кленси, во соопштение во средата најави дека замениците-директори на одделите за истрага, операции за заштита, технологија и јавни прашања, се отстранети од нивните функции. Кленси ја донел одлуката врз база на независниот извештај од декември кој ја опиша агенцијата како „жедна за лидерство“.

Извештајот беше изработен откако армиски ветеран со нож успеа да ја мине заштитната ограда на Белата куќа во септември и влезе во претседателската резиденција пред да биде совладан. Интерна истрага покажа дека до ваквиот ицидент дошло заради недоволна обука, недоволно персонал и серијата погрешни чекори.

Овој инцидент доведе и до оставка на тогашната директорка на Тајната служба, Џулија Пирсон.

XS
SM
MD
LG