Линкови за пристапност

Втор ден од парламентарните избори во Северна Македонија


Втор ден гласање во Северна Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:03 0:00

Втор ден гласање во Северна Македонија

„Мирно, демократски со запазување на сите протоколи. За сите наши затвореници обезбедени се маски, како и средства за дезинфекција.“, вели Боби Мојсоски.

Денеска гласаа болните и изнемоштените, затворениците во 11 казнено-поправни установи и внатрешно раселените лица - вкупно околу 11.000 граѓани. Процесот тече под засилени здравствени мерки.

„Мирно, демократски со запазување на сите протоколи. За сите наши затвореници обезбедени се маски, како и средства за дезинфекција.“, вели Боби Мојсоски.

На овие избори, покрај болните и изнемоштените кои гласаа дома, за првпат е организирано гласање во 17 домови за стари лица. Оценките на ДИК се дека денот поминал во добра атмосфера.

Денот се одвива навистина мирно што исклучително ме радува затоа што очигледно расте граѓанската свест кај нашите граѓани за своето право и обврска да излезат на избори
Оливер Деркоски, ДИК


„Денот се одвива навистина мирно што исклучително ме радува затоа што очигледно расте граѓанската свест кај нашите граѓани за своето право и обврска да излезат на избори и да го искористат своето право на глас.“, коментира Оливер Деркоски, претседател на ДИК.

ДИК повтори дека какво било прецртување на кое било име на гласачкото ливче ќе значи дека тоа е неважечко.

Да ги потсетам гласачите дека треба на гласачките ливчиња да ги заокружат на редниот број на подносителот на листата за кој сакаат да гласаат
Адмир Шабани, портпарол на ДИК


„Да ги потсетам гласачите дека треба на гласачките ливчиња да ги заокружат на редниот број на подносителот на листата за кој сакаат да гласаат“, вели Адмир Шабани, портпарол на ДИК.

Вчера, кој беше прв ден од изборите, гласаа 723 граѓани позитивни на ковид-19 и лицата во самоизолација. Утре е главниот изборен ден на овие десетти парламентарни избори кои според неколкуте релевантни анкетите во изминатиот период ќе бидат едни од најнеизвесните.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG