Линкови за пристапност

По бугарската блокада: За власта е пораз на ЕУ, за опозицијата пораз на владата предводена од СДСМ


Реакции по бугарската блокада за ЕУ
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:48 0:00

Реакции по бугарската блокада за ЕУ

Реакции по одлуката на Софија на патот кон ЕУ за Скопје

Бугарската блокада за усвојувањето на преговарачката рамка за земјава ги разгори и онака сериозните разлики меѓу социјалдемократите и ВМРО-ДПМНЕ за тоа каков став треба Скопје да заземе во однос на Софија и нејзините барања за прашањата кои го допираат идентитетот.

Недонесувањето одлука на состанокот во Брисел е пораз за идејата на ЕУ
Заев, премиер на Северна Македонија


„Недонесувањето одлука на состанокот во Брисел е пораз за идејата на ЕУ, но во исто време е потврдено во изјавата на претседавачот, германскиот министер за европски прашања Михаел Рот дека до декември постојат уште можности. Tреба да продолжиме во духот на дијалог, а не низ конфликти, да дојдеме до решение“, напиша премиерот Заев на социјалните мрежи.

Следеше одговор од лидерот на опозицијата, Мицкоски.

„Заев повеќе сакал да се види со премиерот на нашиот источен сосед, наместо лидерска средба и сите заедно да постигнеме национален и државен консензус... Можам да го разберам Заев зошто бега од лидерска средба. Тој е политичар со концесии, а јас концесии немам“, вели Мицкоски.

Неговата партија обвини дека власта тргува со националните интереси и побара оставки.

Заев треба да поднесе оставка затоа што го лажеше македонскиот народ дека Договорот со Бугарија ги затвора сите прашања, а дека Бугарија ќе ни биде најдобар и најсилен поддржувач.
Андоновски, ВМРО - ДПМНЕ


„Заев треба да поднесе оставка затоа што го лажеше македонскиот народ дека Договорот со Бугарија ги затвора сите прашања, а дека Бугарија ќе ни биде најдобар и најсилен поддржувач. Оставка затоа што ги внесоа билатералните проблеми со Грција и Бугарија во договори кои се услов за отпочнување на преговори. Затоа што ги уништија позициите градени од генерации политичари, ги погазија признавањата од десетици држави“, оцени Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Нема оставки, соопштија од владата – се најавува продолжување на процесот притоа водејќи се според утврдените национални позиции.

Владата има јасна определба, дава шанса на процесот и работи на тоа да дојде до усогласување на ставовите според јасно утврдени македонски национални позиции и согласно стратешките евроинтеграциски цели на земјава.
Арсовски, портпарол на Влада


„Владата има јасна определба, дава шанса на процесот и работи на тоа да дојде до усогласување на ставовите според јасно утврдени македонски национални позиции и согласно стратешките евроинтеграциски цели на земјава. Се работи заедно со нашите меѓународни сојузници. Посебно сме благодарни како Влада на зајакнатиот ангажман на германското претседателство со ЕУ. Токму во вакви моменти на предизвик треба да се покажат европски вредности, дијалог наместо конфликт.“, изјави Душко Арсовски, портпарол на Владата.

По вчерашниот „студен туш“, бугарскиот премиер Борисов денеска порача дека позицијата на Софија за земјава е принципиелна, и дека се подготвени да ги продолжат разговорите.

Тие мислеа дека со притисок и лобирање може да ја натераат Бугарија да ја смени својата позиција.
Борисов, премиер на Бугарија


„Баравме секакви компромиси, но, за жал, нашите пријатели во Скопје не пројавија никаква ангажираност. Тие мислеа дека со притисок и лобирање може да ја натераат Бугарија да ја смени својата позиција. Но, нашата позиција не е позиција на инает.“, Бојко Борисов, премиер на Бугарија.

И Скопје и Софија јавно најавуваат дека се подготвени за продолжување на процесот, кој според германското претстедателство се уште може да се спаси и до крајот на годината да се одржи Меѓувладината конференција ЕУ - Северна Македонија. За тоа да се оствари, клучни се следните неколку недели.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG