Линкови за пристапност

Реакции по номинацијата на судијата Кавана


Очекувана поделба по партиска линија

Номинацијата на Брет Кавана од Апелациониот суд во Вашингтон за судија на Врховниот суд предизвика очекувани реакции од републиканците и од демократите.

Лидерот на мнозинството во Сенатот, републиканецот Мич Меконел се огласи откако претседателот Трамп во телевизиско обраќање го номинираше Кавана и го оцени како „импресивна номинација“, која е особено квалификувана да биде дел од највисоката судска истанца во државата.

Пред Врховниот суд, луѓе демонстрираа против номинацијата на Кавана, кусо време откако беше објавена. Еден од нив беше демократскиот сенатор од Њу Џерси.

„Претседателот Трамп ни кажа што сака да стори. Тој сака уназадување на индивидуалните права, на правата на жените, на работничките права. Но, нема да дозволиме уназадување на овие права, изјави демократскиот сенатор од Њу Џерси, Кори Букер.

Аналитичарите веруваат дека ако специјалниот истражител Роберт Мулер се обиде да го принуди претседателот да сведочи за евентуалната поврзаност на кампањата на Трамп со Русија, па дури и да покрене обвинувања, прашањето ќе може да заврши на Врховниот суд, а конзервативците ќе имаат мнозинство со 5 спрема 4, ако Кавана е потврден на функцијата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG