Линкови за пристапност

Северна Македонија: Во повеќе од 600 училишта почна настава со физичко присуство


Образовниот систем е пред најсериозниот предизвик – да овозможи непречена и квалитетна настава во ситуација на пандемија

Образовниот систем е пред најсериозниот предизвик – да овозможи непречена и квалитетна настава во ситуација на пандемија.

По повеќе од половина година пауза, дел од училиштата ги отворија вратите - официјално стартуваше новата учебна година. Во повеќе од 600 училишта во земјава од денеска почна настава со физичко присуство

Засега, настава со физичко присуство може да следат само учениците од прво до трето одделение. Поради коронакризата родителите можеа да изберат и онлајн настава за нивните деца.

Еве што велат родители:

„Генерално на децата место им е во училиште.“

„Ги знаеме сите протоколи, успешно ќе се снајдеме.“

„Со многу емоции, не само јас, туку и децата, се соочуваме со оваа нова ситуација.“

На првиот училишен ден во скопски Карпош се појави и владиниот врв.

Сепак, оваа школска година не наликува на ниту една од претходните. Поради коронавирусот во училиштата ќе се спроведиваат мерки за заштита на здравјето на децата и на наставниците.
Зоран Заев, премиер


„Овој е посебен ден што децата, првачињата ќе го паметат целиот свој живот. Сепак, оваа школска година не наликува на ниту една од претходните. Поради коронавирусот во училиштата ќе се спроведиваат мерки за заштита на здравјето на децата и на наставниците. Да бидеме солидарни и да покажеме разбирање во целиот овој процес. Ако сите се придржуваме до мерките, полесно ќе ја поминеме оваа училишна година.“, вели Зоран Заев, премиер на Северна Македонија.

Образовниот систем во земјава е пред најсериозниот предизвик – да овозможи непречена и квалитетна настава во ситуација на пандемија.

„Предизвикот е пред сите нас и треба да покажеме дека образовниот систем може да се носи и во вакви вонредни околности. Ќе имаме многу предизвици, оваа година ќе биде поразлична и треба да бидеме флексибилни. Не сме тука затоа што сакаме, туку затоа што мораме.“, оцени Мила Царовска, министерка за образование.

Здравствените власти апелираа во училиштата да се почитуваат мерките на заштита.

Почитувајте ги препораките, слушајте ги наставниците и штитете го здравјето на сите.
Венко Филипче, министер за здравство


„Драги деца, вирусот не е шега. Можеби за вас е помалку опасен, но е многу поопасен за вашите родители, баби и дедовци. Почитувајте ги препораките, слушајте ги наставниците и штитете го здравјето на сите. Јас верувам во вашата зрелост и одговорност.“, заклучи Венко Филипче, министер за здравство.

Засега, учениците од повисоките одделенија, над третот, ќе следат само онлајн настава преку новоизрбаотената национална платформа која, како што најавуваат надлежните, по серијата тестови функционира без посериозни пречки.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG