Линкови за пристапност

САД: Санкции за Милорад Додик и Алтернативната телевизија од Бања Лука


Како резултат на оваа мерка, целиот имот и интереси на наведените поединци и ентитети кои се наоѓаат во САД или ги поседуваат или се под контрола на американски државјани, се блокирани, и мора да се пријават.

Американскиот оддел за финансии воведе санкции против Милорад Додик, член на претседателството на Босна и Херцеговина од редовите на српскиот народ и за Алтернативната телевизија од Бања Лука.

Милорад Додик
Милорад Додик

„Канцеларијата за контрола на имотот во странство при американскиот Оддел за финансии го санкционираше Милорад Додик, член на претседателството на Босна и Херцеговина, како и еден ентитет под негова контрола – Алтернативната телевизија од Бања Лука. Ова е одговор на коруптивните активности на Додик и постојаната закана по стабилноста и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина“, се вели во соопштението на Одделот за финансии во САД.

Како резултат на оваа мерка, целиот имот и интереси на наведените поединци и ентитети кои се наоѓаат во САД или ги поседуваат или се под контрола на американски државјани, се блокирани, и мора да се пријават.

Понатаму се укажува во соопштението дека Алтернативната телевизија има тесни врски и е поврзана со семејството на Додик.

„Дестабилизирачките коруптивни активности на Милорад Додик и обидот за демонтирање на Дејтонскиот мировен договор, поттикнат од личен интерес, ја загрозува стабилноста на Босна и Херцеговина и целиот регион“, изјави потсекретарот за тероризам и финансиската разузнавачка служба Брајан Нелсон.

XS
SM
MD
LG