Линкови за пристапност

Самоа го скока петок


Самоа го скока петок
Самоа го скока петок

Островската држава реши од овој четврток да мине веднаш во сабота – од бизнис причини.

Самоа оваа година нема да има 30-ти декември. Оваа мала островска земја во јужниот дел на Пацификот годинава заради промени во временската зона, ќе го прескокне овој ден на својот календар.

Наместо тоа, Самоа од четврток, 29-ти декември, ќе премине на 31-ви декември и со тоа ќе стане една од првите земји кои ќе ја дочекаат 2012-та година, наместо меѓу последните.

Самоа од четврток ќе биде на истатата временска зона како и Австралија и Нов Зеланд.

Премиерот Туилаепа Саилеле Малиелегаои порано годинава соопшти дека Самоа губи потенцијални деловни зделки, бидејќи викендите не се совпаѓаат со оние на најголемите трговски партнери на земјата. Кога е почеток на работна недела во Австралија и Нов Зеланд, се` уште е недела во Самоа.

XS
SM
MD
LG