Линкови за пристапност

Саманта Пауел ќе раководи со УСАИД во администрацијата на Бајден


Бајден ја окарактеризира Пауел како „светски глас на совест и морална чистота“.

Новоизбраниот претседател Џо Бајден најави во средата дека ќе номинира Саманта Пауел, поранешната амбасадорка во ОН во мандатот на Барак Обама, да раководи со Агенцијата која го надгледува доставувањето на американската хуманитарна помош за странство – УСАИД.

Ако биде потврдена во Сенатот, Пауел ќе раководи со американската Агенција за меѓународен развој, чиј годишен буџет е околу 20 милијарди долари. Тој најави дека ќе го забрза пополнувањето на позиции во националниот Совет за безбедност во Белата куќа, сигнал за неговите приоритети кон другите нации.

Бајден рече дека УСАИД ќе ја координира работата на Америка да го предводи глобалниот одговор кон корона вирусот и да им помогне на најранливите нации.

Ја окарактеризира Пауел како „светски глас на совест и морална чистина“.

Пауел беше амбасадорка на САД во ОН во периодот 2013-та – 2017.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG