Линкови за пристапност

Директорот на агенцијата „Стандард енд Пурс“ даде оставка


Директорот на агенцијата „Стандард енд Пурс“ даде оставка
Директорот на агенцијата „Стандард енд Пурс“ даде оставка

Веста доаѓа само неколку недели откако агенцијата го намали кредитниот рејтинг на САД од тројно А, на АА+

Директорот на агенцијата „Стандард енд Пурс“ која неодамна го намали кредитниот рејтинг на САД, поднесе оставка на функцијата.

Девен Шарма ќе биде заменет со опеативниот директор на „Ситибенк“, Даглас Петерсон.

Петерсон ќе ја преземе контролата врз агенцијата на 12-ти септември, додека Шарма ќе има советодавна улога до крајот на 2011-та година. Во соопштението на компанијата се наведува дека Шарма заминува за да „истражува други можности.“

Веста доаѓа само неколку недели откако агенцијата го намали кредитниот рејтинг на САД од тројно А, на АА+, прво вакво намалување во американската историја. Воедно агенцијата во својот извештај го критикуваше нивото на американскиот долг, политичките несогласувања и подигањето на крајната граница за владино позајмување.

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека не се согласува со одлуката на „Стандард енд Пурс“ за намалување на кредитниот рејтинг, но дека се надева оти тоа ќе ги поттикне законодавците во Вашингтон да постигнат согласност за, како што рече, балансиран пристап за намалување на долгот и дефицитот, вклучувајќи и зголемување на даноците за богатите и скатувања на трошоците за социјалните програми.

XS
SM
MD
LG