Линкови за пристапност

ЕУ треба да биде проактивна во отворени прашања на Западниот Балкан за да одврати руско влијание


Ново истражување на германскиот Маршалов фонд на САД за „Заговорниците на рускиот наратив на Западниот Балкан“.

Во истражување од Германскиот маршалов фонд во САД под наслов „Заговорниците на рускиот наратив на Западниот Балкан“, го објаснува порастот на анти-западното и про-Руското влијание од локалните, државни и невладини ресурси, кои што ги промовираат руските интереси во регионот. Особено е ставен акцентот врз три неодамнешни политички случувања – промената на името во Северна Македонија во 2018-ма, последната фаза од предизвиците меѓу Србија и Косово и изборите во 2018-та во Босна и Херцеговина.

Генералното разочарување од Западот е клучно за поголем успех на наративот за ширењето на руското влијание, се наведува во извештајот на Анасиа Методиева.

Западниот Балкан е еден од многуте арени на конфронтација меѓу Русија и Западот. Две компоненти се важни за оваа геополитичка битка во регионот – генералната разочараност од политиката на Западот и православните/ортодоксни врски со Русија. Во истражувањето се споменува и евро-атлантскиот скептицизам и сеќавањето за воените операции на НАТО во 1990-те. Гледиштата за членството во ЕУ се дијаметрално спротивни – со поддршка од огромно мнозинство во Албанија, Косово и Северна Македонија, па се до незаинтересираноста во Србија.

Според аналитичарот Иван Крастев, европската интеграција ја губи моќта за привлечност на Западниот Балкан. „Поентирајќи на картата на анти-западно расположение, Русија ја турка алтернативната идеја за Ортодоксно братство, што е евтин потег за поголемо влијание врз локалното население.

Руското економско влијание врз Западниот Балкан е во пораст, особено во енергетскиот сектор. За време на посетата во Србија во 2019-та, рускиот претседател Владимир Путин се заложи за инвестирање од 1,4 милијарди долари за поголема достапност на рускиот гас во Србија. Газпром веќе доминира на локалните пазари во Србија, Босна и Херцеговина и Северна Македонија со потпишување долгогодишни договори за испорака на руски гас.

Во анализата од Германскиот Маршалов план во САД, се вели дека на Западниот Балкан генерално име е ветер од поддршка кон членство во НАТО. Во февруари, Северна Македонија потпиша договор за членство, Црна Гора влезе во 2017-ма, а Хрватска и Албанија веќе се членки на НАТО. Србија ги продлабочи врските со Алијансата изминатите години иако меѓу Србите е свежо сеќавањето за бомбардирање од НАТО во 1990-те, заклучува авторката.

Рускиот наратив ги поткопува можностите на регионот, во време кога ги користи политичките грешки на Западот. Додека ЕУ се справува со главните предизвици како Брегзит и политичката поларизација на земјите-членки, Русија го користи вакуумот на Западниот Балкан да се претстави како алтернатива за Западот. Русија отворено е против на влезот на НАТО во Северна Македонија, игра на картата на „Големиот брат“ за Република Српска и реагира како заштитник на Србија во време кога бара да се наметне во улога на медијатор за косовското прашање. Руските платеници во регионот, придонесуваат за неколку стратешки цели на Кремљ на Западниот Балкан – дека со политичка криза ширум регионот се забавува севкупната евроатланска интеграција.

Во препораките од Германскиот маршалов фонд се наведува дека ЕУ треба да биде проактивна во отворени прашања на Западниот Балкан и конкретно за проблемите меѓу Косово и Србија. Понатаму се вели дека улогата на Западот во решавањето на прашањето со името меѓу Северна Македонија и Грција е позитивен пример за политичките напори на ЕУ.

„САД и ЕУ треба да бидат поприсутни во разни регионални инцијативи и политички гледишта ако сакаат да ги претстават интересите на Западниот Балкан и да ја спречат руската амбиција за ширење на влијанието.

Во заклучокот се наведува дека и новинарите на Западниот Балкан треба да ја кренат свеста за напорите на руските платеници кои сакаат да влијаат со манипулирање во медиумите. „Новинарите треба да ги поддржат локалните и меѓународни креирачи на мислењето во обидите да ги детектираат и отстранат лажните вести при промовирање на новинарските стандарди, базирани врз факти.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG