Аналитичарите и добрите познавачи за состојбата на Балканот, во Вашингтон се осврнаа дека во Македонија расте поддршката за малите партии на српското малцинство од страна на Русија. Според Методија Колоски од Обединетата македонска дијаспора (ОМД), во првите 15-тина години, потпишани се 40 билатерални договори меѓу Москва и Скопје, а Русија има најголеми инвестиции во фармацевтската индустрија и раширената мрежа на бензински пумпи на гигантот Лукоил. Во соседна Србија, Газпром има целосна доминација во енергетскиот сектор. Слична слика e и во Хрватска. 35% од гасот доаѓа од Русија.
На дискусијата на Универзитетот Џонс Хопкинс, беше нагласено дека неуспешната политика на ЕУ и НАТО за целосно интегрирање на регионот, само ја отворило вратата кон поголемо влијание на Москва. Од дискутантите беше упатена порака до креирачите на политиката во Вашингтон, да не го потценат влијанието на Русија на Балканот, зашто, според нив, таа интензивно споредува политика на привлекување на регионот кон нејзината сфера на интереси.
Facebook Forum