Портпаролот на руското министерство за внатрешни работи Марија Захарова ја потврди информацијата дека Андреј Карлов е застрелан и дека истиот подлегна на повредите.
„Денес, за време на јавен настан, од непознато лице хаотично беше отворен оган“, беше цитирана Захарова од страна на руските медиуми и додаде дека „како последица на тоа, Андреј Карлов, амбасадорот во Турција, се здоби со огнени рани, а подоцна беше констатирана и смрт“. Според неа, - се работи за терористички акт.
Пукањето се случило за време на посетата на Карлов на изложбата за фотографии спонзорирана од Руската амбасада а насловена како „Русија во очите на Турците“.
Асошиејтед Прес соопшти дека еден од нивните фоторепортери кој бил на изложбата рекол дека маж во костум и вратоврска испукал најмалку осум куршуми и извикал „Алаху Акбар“. Напаѓачот исто така изговорил и неколку руски зборови и искршил неколку фотографии од изложбата.
„Да не го заборавиме Алепо! Да не ја заборавиме Сирија!“ а после овие зборови, напаѓачот беше убиен од страна на турската полиција. Претходно истиот рекол дека „Само мртов ќе ме извадите од овде. Секој кој има некаков удел во ова угнетување што се прави, ќе умрете сите еден по еден“.
Сведок за Гласот на Америка рече дека напаѓачот минал низ детекторот и влегол на изложбата без никаков проблем од страна на руските безбедносни системи.
Портпаролот на Американскиот Стејт департмент Џон Кирби рече дека американските официјални лица се запознаени со овој инцидент.
„Ние го осудуваме овој чин на насилство, без разлика кој и да стои позади него“, Кирби исто така рече дека „нашите мисли и молитви се со него и неговото семејство“.
Карлов имаше 62 години и служеше на Русија како нејзин претставник во Пјонгјанг од 2001 до 2006 година а подоцна стана и министер за надворешни работи во конзуларниот оддел. Како руски амбасадор на Турција беше назначен во 2013-та.