Американското обвинителство покрена обвиненија врз шест припадници на руското воено разузнавање за поврзаност со кибернетска кампања на ширење лажни вести за француските претседателски избори во 2017-ма, Зимските олимписки игри во 2018-та во Јужна Кореја, меѓу другите упади.
„Кибернетската кампања била обмислена со „уништувачки серии на компјутерски напади од една група“, изјави Џон Демерс, шеф на дивизијата за национална безбедност при Одделот за правда.
„Ниту една земја не го користи кибернатскиот капацитет како оружје, толку подло и неодговорно, како Русија, при што предизвикува штета од големи размери при што тактички напредок, има само мала група на луѓе“, изјави Демерс на прес-конференција.
Шестимината хакери, сите припадници на руското воено разузнавање, биле вклучени во поддршка на напорите на руската влада за „поткопување, дестабилизирање на мети ширум светот“, се вели од американскиот Оддел за правда.
Сите се обвинети за заговор, компјутерски хакерски напади, креирање лажен идентитетот и регистрирање на странски интернет-домеин.
Facebook Forum