Линкови за пристапност

Русија возврати со протерување американски дипломати


И американскиот конзулат во Санкт Петербург ќе биде затворен, најави министерот за надворешни работи на Русија

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека Москва ќе протера 60 американски дипломати откако Вашингтон нареди иста мерка за руски дипломати по нападот со нервен агенс врз рускиот шпион во Лондон.

Лавров рече дека Русија исто така ќе го затвори американскиот конзулат во Санкт Петерсбург.

САД заедно со 20 други нации наредија враќање на руски дипломати во земјата откако Москва беше обвинета за нападот врз поранешен руски двоен агент Сергеј Скирпал, и неговата ќерка.

На почетокот на месецов беа отруени со нервен гас во англискиот град Солсбери. Се `уште се наоѓаат во критична состојба.

Русија негира дека е одговорна за нападот, велејќи дека наводно бил извршен од страна на британските разузнавачки служби, со цел Русија да изгледа „лоша“. Велика Британија го отфрли обвинувањето.

Во телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, британската премиерка Тереза Меј го пофали „силниот одговор“ на САД, кој нареди протерување на 60 руски дипломати, откако Москва беше обвинета за нападот.

Белата куќа соопшти дека двајцата лидери се согласиле за важноста од укинување на руските шпионски мрежи во Велика Британија и САД, за да ги намалат руските тајни активности, како и да ги спречат идните напади со хемиско оружје.

Повеќе од 20 други земји им се придружија на САД во протерување руски дипломати, меѓу кои и Македонија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG