Линкови за пристапност

Русија им нуди државјанства на жители во источна Украина


Еден западен дипломат за Радио Слободна Европа оцени дека потегот на Путин е „мошне провокативен чекор, којшто ги поткопува напорите за смирување на ситуацијата на терен“.

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет со кој се поедноставува процедурата за лицата коишто живеат во делови од источна Украина, окупирани од сепаратистите, да добијат руско државјанство.

Актот на Путин којшто најверојатно ќе биде критикуван од Украина и од западните влади, беше објавен на интернет-страницата на Кремљ на 24-ти април.

Еден западен дипломат за Радио Слободна Европа оцени дека потегот на Путин е „мошне провокативен чекор, којшто ги поткопува напорите за смирување на ситуацијата на терен“.

Украинскиот министер за надворешни работи Павло Кримкин изјави дека чекорот на Путин е „продолжување на агресијата и мешањето во внатрешните работи“.

Тој ги повика украинските граѓани во областите коишто се под контрола на сепаратистите да „не ги прифатат руските пасоши“.

Ова се случува три дена откако Украина избра нов претседател и ја отвори вратата за потенцијални промени во односите меѓу двете држави, затегнати уште пред пет години, кога Кремљ го присвои Крим.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG