Линкови за пристапност

САД загрижени за руското армиско распоредување на границата со Украина


„Се работи за масивна армиска сила“, изјави портпаролот на Пентагон Џон Кирби и го оцени понатамошното распоредување како „сериозна загриженост“.

САД ја повторија загриженоста за руските армиски маневри долж границата со Украина, истакнувајќи дека Москва сега има распоредено повеќе војници во областа од периодот кога изврши инвазија и го припои Крим пред седум години.

„Се работи за масивна армиска сила“, изјави портпаролот на Пентагон Џон Кирби и го оцени понатамошното распоредување како „сериозна загриженост“.

Тој додаде дека одговорот на Русија е дека се работи за воени вежби, но како што кажа, Кирби, „нејасна е целта на толкав број војници“.

Според процените на разузнавачките служби на ЕУ, наводно има повеќе од 100.000 руски војници во областа.

„Тоа е најголемо армиско распоредување од Русија долж границата со Украина, досега“, изјави шефот на дипломатијата на ЊУ, Џосеп Борел, при што додаде дека ризикот од понатамошна ескалација на насилството е евидентен“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG