Линкови за пристапност

САД го осудија декретот на Путин за руски државјанства во источна Украина


Најновата мерка на Путин доаѓа три дена откако Украина го избра Володимир Зеленски за нов претседател.

САД го осудија потегот со декретот на рускиот претседател Владимир Путин кој го олесни процесот за Украинците кои што живеат во источните делови од Украина, да стекнат руско државјанство.

Најновата мерка на Путин доаѓа три дена откако Украина го избра Володимир Зеленски за нов претседател.

„Немаме желба да креираме проблеми за новата администрација на Украина, но за луѓето коишто живеат на територијата околу Донецк и Луханск - имаат проблеми да се преселат, да имаат пристап до основните права и потреби. Мерката е од хуманитарни побуди“, изјави претседателот Путин.

Украина побара итна седница на Советот за безбедност на ОН во Њујорк поради најновата мерка на Путин. Во писмо до ОН, Украина ја оцени одлуката на Москва како „кршење на нејзиниот суверенитет“. Вонредната седница на Советот за безбедност на ОН по барање на Украина за декретот на рускиот претседател Путин за олеснување на патот до руски државјанска на лица кои живеат во источна Украина е закажана 3 часот попладне по источно американско време во Њујорк.

Односите меѓу Русија и Украина рапидно се влошија изминатите пет години по поддршката на Кремљ за вооружените сепаратисти во источна Украина и по руското присоединување на Крим.

Стејт департментот ја осуди мерката на Путин и ја окарактеризира дека „создава сериозни пречки“ за имплементирање на Договорот од Минск, потпишан од Русија, која треба да стави крај на војувањето во источна Украина, и да му ја врати на Киев целосната контрола во регионот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG