Тројца нови членови на екипажот се на пат за Меѓународната вселенска станица откако беа лансирани од рускиот космодром во Казахстан.
Руските астронаути Генади Падалка и Сергеј Ревин, заедно со Американецот Џозеф Акаба беа лансирани во орбитата на руското вселенско летало Сојуз од космодромот Баиконур, во одлични временски услови. Тие треба да се придружат на Русинот Олег Кононенко, Американецот Дон Петит и холандскиот астронаут Андре Куиперс во мисијата на Меѓународната вселенска станица наредниве неколку месеци.
Сојуз е единственото вселенско летало оспособено да испраќа човечки екипаж во вселената, откако американската вселенска програма минатата година беше пензионирана. НАСА соработува со неколку приватни компании за пренесување на карго материјал и потенцијално човечки екипаж до Меѓународната вселенска станица.
Спејс експлорејшн технолоџис или Спејс Х со седиште во САД во сабота ќе лансира карго вселенско летало без екипаж. Ова ќе биде прво приватно летало што ќе биде лансирано во вселената.