Линкови за пристапност

Двојни поранешни руски агенти во Британија се борат за живот


Кремљ негира вмешаност, Лондон најави жестока акција

Британскиот министер за одбрана Гавин Вилкинсон, се приклучи на повиците во Лондон за одмазда врз Русија, во време кога двојниот руски агент и неговата ќерка се борат за своите животи во болница по контактот со отровна супстанца.

Најмалку 21 лице се лекува од евентуален отровен нервен агенс во наводниот обид за атентат врз Сергеј Скрипал, на 4-ти март. Тој неодамна беше најмен од Тајната британска служба МИ6, заедно со неговата 33-годишна ќерка, Јулија.

Таткото и ќерката се хоспитализирани и се наоѓаат во критична состојба откако беа најдени во кома, на клупа недалеку од шопинг-центар во градот Салисбури.

Руски официјални лица негираа дека Кремљ има удел во обидот за атентат, оценувајќи ги шпекулациите за хистерични.

Британката премиерка Тереза Меј и шефот на дипломатијата Борис Џонсон, ветија дека одговорот на Лондон ќе биде „силен“, штом извршителите ќе бидат идентификувани.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG