Линкови за пристапност

Отворен патот за Путин да остане претседател на Русија до 2036-та


Опозиција не ги признава резултатите од гласањето за уставни реформи

Гласачите во Русија го одобрија пакетот уставни реформи што отвора можност претседателот Владимир Путин да остане на функцијата до 2036-та.

Портпаролот на Кремљ Димитри Песков, ги опиша резултатите дека се „триумф“.

Лидерите на опозицијата и независните изборни набљудувачи изразија сомнежи за легитимитетот на гласањето, кое заврши синоќа, ѝ подвлекоа дека најголема загриженост претставува огромната излезност во некои области.

„Никогаш нема да ги прифатиме резултатите“, изјави опозициониот политичар Алексеј Навални.

Изборните официјални лица подвлекоа дека гласањето на целата територија се одвивало со интегритет.

67-годишниот Путин ја води Русија како претседател или премиер повеќе од две децении, а последните уставни реформи му овозможуваат да се кандидира за уште два шестгодишни мандати, откако ќе му заврши актуелниот мандат во 2024-та.

За уставните промени, ЗА гласале 77,9%, а Против биле 21,3%.

Путин рече дека ќе одлучи како што наближува 2024-та, дали ќе се кандидира за уште еден мандат.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG