Линкови за пристапност

Руска сонда ќе ја погоди Земјата


Руска сонда ќе ја погоди Земјата
Руска сонда ќе ја погоди Земјата

Потфрли во мисијата да ја истражи месечината на Марс, Фобос.

Руската сонда Фобос-Грант, чија вселенска мисија заврши неуспешно, може уште во недела да ја погоди Земјата.

Леталото тешко 13,2 тона беше лансирано во ноември, на мисија за истражување на месечината на Марс, Фобос, но се заглави во орбитата кога му откажа комјутерскиот систем и не се активираше ракетниот погон. Руските вселенски стручњаци не се сигурни каде се` ќе завршат парчињата од леталото, но очекуваат 20 до 30 да ја погодат Земјата.

Отпадот би можел да содржи радиоактивен материјал, но Руската вселенска агенција не очекува тој да биде опасен по здравјето.

Фобус-Грант е меѓу неколкуте поголеми пропусти на руската вселенска агенција. Директорот на руската вселенска програма Роскосмос, Владимир Поповкин, изјави дека во последните неуспеси можеби се вмешани странски сили. Поповкин кажа дека модерната технологија прави леталото да биде подложно на странско влијание, но не е јасно зошто некои руски летала искусиле технички проблеми токму кога излегле надвор од досегот на руската опрема за нивно следење.

Русија е единствената земја која во моментов транспортира екипаж до Меѓународната вселенска станица, откако САД ја пензионираа програмата на шатл-летала во јули.

XS
SM
MD
LG