Линкови за пристапност

Путин најави измени во Уставот за проширување на моќта


Путин го номинираше шефот на даночната служба Микхаил Мишустин како нов преоден премиер, според руските новински агенции.

Рускиот премиер Дмитри Медведев поднесе оставка, откако претседателот Владимир Путин предвиде серија уставни амандмани со цел јакнење на Парламентот на сметка на претседателската функција.

Предлогот на Путин дојде за време не неговото редовно годишно обраќање до нацијата во Москва, при што ги наговести намерите да го заштити влијанието врз државата кога неговиот актуелен и конечен мандат истекува на почетокот од 2024-та.

Путин го номинираше шефот на даночната служба Микхаил Мишустин како нов преоден премиер, според руските новински агенции.

Усвојувањето на новиот премиер и други клучни министерски места, како што сугерираше Путин во говорот, треба наскоро да бидат дел од руската Дума. Путин сугерираше и дека Државниот совет, актуелно советничка група на претседателот, да добие формален авторитет во Уставот.

„Има сериозни промени во политичкиот систем“, изјави Путин и ги претстави предлозите.

Медведев издаде соопштение кусо време неколку часа по говорот.

„Во овој контекст, владата на Руската Федерација, треба да му овозможи на претседателот да има можност да ги преземе сите неопходни одлуки во одредени услови“, рече тој.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG