Линкови за пристапност

ОБСЕ: Изборите во Русија наклонети во полза на Путин


Тој, пак, смета дека победил во „отворена и чесна битка“.

Европските набљудувачи велат дека претседателските избори во Русија очигледно биле наклонети во полза на премиерот Владимнир Путин, кој победи со големо мнозинство во гласовите.

Изјавата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) наведува дека не постоел вистински натпревар, како и дека злоупотребата на владините средства обезбедила победникот никогаш да не биде доведен во прашање.

ОБСЕ додава дека Путин добил очигледна предност во пристапот до медиумите во земјата, како и дека гласачите имале ограничен избор на кандидати поради крајно рестриктивните критериуми за кандидирање. Организацијата јави за нерегуларности во гласањето во една третина од гласачките пунктови.

Руската опозиција планира протести во близина на Кремљ заради, како што ги нарече, лажните избори.

Според прелиминарните реултати, Путин освоил 64% од гласовите, а неговиот најголем ривал, водачот на Комунистичката партија Генадиј Зјуганов 17%. Тројца други кандидати освоија помалку од 10%.

Путин изјави дека победил во „отворена и чесна битка“. Тој вчера со солзи во очите ги поздрави десетиците илјади симпатизери пред Кремљ, заблагодарувајќи им се што спречиле земјата „да падне во раце на непријателите кои се обидуваат да ја узурпираат власта“.

Покојниот претседател Борис Елцин го именуваше Путин за наследник на првиот ден од 2000-та. Путин победи на претседателските избори подоцна годината, како на оние во 2004-та. Уставот забранува тој да добие трет последователен мандат. Путин последниве четири години беше премиер, кога претседател беше Дмитриј Медведев.

XS
SM
MD
LG