Федералната служба за безбедност на Русија во четвртокот објави дека Јевгениј Чистов признал дека е шпиун на ЦИА веќе три години и е прогласен за виновен по обвинувањето за државно предавство.
Чистов бил вработен полицаец во Mинистерството за внатрешни работи на Русија.
„Беше потврдено дека во 2011-та година Ј.А.Чистов, додека работел во Mинистерството за внатрешни работи на Русија, започнал да соработува со ЦИА, што значи вршел должност на платеник за туѓи интереси. Чистов неколку пати бил регрутиран од страна на американската тајна служба, со цел да доверува информации поврзани со работата, вклучувајќи државни тајни, а за возврат бил парично наградуван“ се наведува во соопштението од Mинистерството за внатрешни работи на Русија.