Линкови за пристапност

Вашингтон пост не објави лажни изјави за Рој Мур


Реномираниот весник го проверил изворот и ги отфрлил изјавите како малициозни и невистинити

Весникот Вашингтон пост објави дека бил мета на конзервативна операција, чија цел била да се објави драматична, но лажна приказна за републиканскиот кандидат за Сенатот Рој Мур и бремена тинејџерка.

Пост објави текст за наводни сексуални испади од Мур врз тинејџерки кога бил во 30-тите години од животот и работел како јавен обвинител во сојузната држава Алабама. Неколку жени дадоа слични изјави за весникот. Мур ги негираше обвинувањата и се закани дека ќе го тужи весникот. Пост објави дека жената која се идентификувала како Џејми Филипс, на новинарот на Вашингтон пост му рекла дека Мур ја забременил кога имала 15 години и ја принудил да абортира.

Таа побарала од истиот новинар да гарантира дека Мур ќе ги загуби изборите за место во американскиот Сенат, ако му ја раскаже својата приказна.

Но, весникот пронашол непостојаност и различност во нејзините изјави, го проверил нејзиното минато и одбил да ја објави приказната.

Понатамошната истрага на Вашингтон пост покажала дека Филипс најверојатно работела за „Проектот Веритас“, њујоршка организација која има цел да врши дискредитација врз објективните медиуми и левичарските групи.

Основачот на проектот, Веритас Џејмс О`Киф, одби да одговори на прашањата на Вашингтон пост, вклучувајќи и го и она - дали Филипс работела за него.

Филипс не одговорила на телефонски повици за реакција од редакцијата на весникот.

Главниот уредник на Вашингтон пост Мартин Барон, оцени дека со оглед на високите новинарски стандарди и кредибилитет на весникот, ако разговор со извор е со лоша намера, и фактите се невистинити, нема да биде објавен.

Пост соопшти дека никогаш никому не платил за информација.

Мур е во трката за сенатското место од Алабама, кое претходно го држеше Џеф Сешнс, актуелен јавен правобранител. Анкетите во оваа сојузна држава покажуваат дека заостанува зад неговиот демократски противник, Даг Џонс.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG