Запрашан, за можното компромисно решение меѓу Косово и Србија, сенаторот Џонсон истакна дека зависи од лидерите на двете земји - кога ќе биде постигнато решение, истакнувајќи го Преспанскиот договор, како пример.
„Лидерите на двете нации треба да сфатат дека од најдобар интерес за двете држави да ги стават разликите зад себе и да постигнат договор. Постигнувањето договор е уште потешко зашто двете нации бараат поголема американска ангажираност. Ја ценат помошта од Европејците, но бараат поголемо американско влијание. Мислам дека сме способни да им помогнеме, но не и да им наметнеме решение. Обете страни може да сметаат на поддршката од Америка и Европа, откако постигнат договор, со кој треба да ги убедите жителите на Косово и Србија за неговата корист. Земете го примерот со Грција и сега, Северна Македонија, чии жители не беа среќни од меѓусебен договор. Затоа беше потребна политичка храброст за таков договор, што на крајот, беше историски! Двете земји преговараа заткулисно многу месеци за да стасаат до договор. Треба тоа да им се предочи на Србија и Косово. Во нивни заеднички интерес е понатамошна европска интеграција и економска слободна зона и пристап до успешните економии. Не треба да се „продава“ евентуалниот договор, туку бенефициите од него и надминувањето на проблемот.
Facebook Forum