Линкови за пристапност

Обама и Ромни спротивставени по најновите настани од Блискиот исток


Жестока реторика меѓу конкурентите за претседателска функција по повод нападите на американски објекти во регионот

Американскиот претседател Барак Обама рече дека изјавите на републиканската номинација за претседатател Мит Ромни по повод нападите врз две американски дипломатско-конзуларни претставништа на Блискиот исток демонстирале дека неговиот опонент има недостокот од чувство за вистинско просудување.

Ромни објави соопштение во кое го обвини претседателот дека се извинува за нападот врз американската амбасада во Каиро, велејќи дека акциите на Обама се „срамни“.

Ваквиот став на Ромни се однесува на соопштението од американската амбасада во Каиро еден ден претходно, во кое го осуди видео-материјалот направен во САД чувствителен за Муслиманите поради третманот на пророкот Мохамед.

Соопштението било објавено пред демонстрантите да упаднат во комплексот и пред веста за убиениот американскиот амбасадор во Либија Џ. Кристофер Стивенс и уште тројца дипломати во напад врз американскиот конзулат во Бенгази.

На прес-конференција во средата навечер, Ромни рече дека „никогаш не е многу рано да се осудат нападите врз Американците и да се бранат нашите ставови“.
Но, во интервју за вестите на Си-Би-Ес, Обама рече дека неговиот предизвикувач на изборите во ноември има тенденција, да „избрзува со изјави“.

Нападите на Ромни кон претседателот Обама предизвикаа политичка бура во Вашингтон. Демократите, па дури и членови од републиканската партија, го обвинија дека ја политизира националната трагедија.

Американскиот сенатор Џон Кери, претседавач со сенатската комисија за надворешни работи, рече дека Ромни се произнел во јавноста „уште пред семејствата на загинатите да бидат информирани“. Тоа го нарече „неодговорно“ и „бесчуствително“.
XS
SM
MD
LG