Двајца парализирани луѓе во САД научиле да контролираат роботска рака преку нивните мисли, благодарение на протеза чија анктивност доаѓа од мозокот.
Жена и маж, и обајцата парализирани од вратот надолу откако претрпеле мозочен удар, имале всадено мали сензори во делот од мозокот што ги контролира движењата. Сензорите ги регистрирале мозочните бранови на пациентите и ги праќале до комјутер што пак ги превел во команди.
Најновите податоци се дел од повеќегодишни научни истражувања. Студијата е објавена во журналот Природа. Во проектот учствувале експерти од американскито Оддел за ветерани, Универзитетот Браун, Општата болница на Масачусетс и Одделот за медицина при Универзитетот Харвард.